Пионерската женска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот на Балканскиот шампионат за одбојкарки до 16 години во Плевља.
Младите македонски одбојкарки се поразени од врсничките и Црна Гора, домаќинот на шампионатот, со 0-3 (11:25, 14:25, 23:25),
Нашите надежи во првите два сета играа во грч . Тоа им создаваше проблеми и голем број на технички грешки, што му овозможи на противникот, лесно да дојде во предност од 2:0 во сетови.
Македонија одигра одличен трет сет, во кој имаше контрола над резултатот се до 17:15. Сепак избраничките на селекторот Горан Славков, не го издржаа притисокот и дозволија Црна Гора прво да изедначи на 17:17. Во продолжение се играше поен за поен се, а Црногорките ја искористија првата сет и меч топка за стартна победа.
Македонските пионерки новата шанса за прва радост ќе ја бараат утре, кога во рамките од второто коло од 15:30 часот ќе ги измери силите со Турција.
Покрај овие две селекции, противници на Македонија, ќе бидат и селекциите на Грција (21 јуни 15:30 ч.) и Бугарија (23 јуни – 15:30 часот).





































