Трите македонски претставници во Конференциската лига на УЕФА, Вардар, Силекс и Работнички, ги дознаа противниците за првата рунда.
Вардар – Ла Фиорита (Сан Марино)
Освојувачот на Купот, Вардар, доби поволен ривал во првото коло од квалификациите за Конференциската лига. Ла Фиорита од Сан Марино, на хартија, е еден од полесните противници во оваа фаза, но црвено-црните нема да ја потценат задачата. Првиот дуел ќе се игра на гостински терен, а реваншот во Скопје ќе биде шанса за Вардар да ја искористи предноста на домашниот терен и да направи чекор кон следната рунда.
Силекс – Дечиќ (Црна Гора)
Силекс ќе се соочи со Дечиќ од Црна Гора во двомеч што ветува неизвесност. Црногорскиот тим во последните сезони покажува стабилни резултати и ќе биде сериозен тест за македонскиот вицешампион. Првиот натпревар ќе се одигра на гостински терен, каде Силекс ќе треба да одговори тактички, а реваншот во Кратово ќе биде клучен за нивните европски амбиции.
Работнички – Торпедо-Белаз (Белорусија)
Работнички се враќа на европската сцена и ќе се соочи со физички силниот состав на Торпедо-Белаз од Белорусија. Првиот натпревар ќе биде сериозен тест за „романтичарите“, бидејќи ќе се игра на гостински терен. Скопскиот реванш, седум дена подоцна, ќе биде нивната шанса да покажат карактер и да изборат пласман во следната фаза.
Според календарот на УЕФА, натпревари ќе се одиграат на 10 и 17 јули. Сепак имајќи во предвид дека сите три македонски екипи прво ќе гостуваат, па ќе бидат домаќини, повеќе од јасно е дека ќе има нови термини (дати) на реванш дуелите.






































