Македонскиот првак Шкендија го доби својот противник во првото квалификациско коло на Лигата на шампионите. Шкеднија ќе се соочи со добро познатиот тим ТНС од Велс. Тетовчани беа во групата на неносители, но имаа среќа на ждрепката, извлекувајќи го можеби најлесниот ривал од првиот сад.
Двата тима веќе имаат европска историја – во 2018 година
Во првиот натпревар во Скопје, Бесар Ибраими беше херојот на Шкендија. Тој постигна четири гола (38′, 53′, 60′, 66′), откако Изар Емини (14.минута) го отвори резултатот. Во реваншот во Велс, ТНС направи изненадување со 4-0, но не доволно да избегне елиминација.
Љубителите на македонскиот фудбал со нетрпение го очекуваат овој двомеч, надевајќи се на нов успешен настап на Шкендија во најпрестижниот европски турнир.
Првиот натпревар ќе се одигра во Велс на 8 или 9 јули, додека реваншот ќе биде во Македонија на 15 или 16 јули.
Шкендија ќе има шанса да ја потврди својата доминација од претходните дуели и да направи нов исчекор во европските квалификации.