На свечена церемонија што се одржи во Владата на Република Македонија, денеска беа доделени Национални признанија на најуспешните македонски спортисти за врвни достигнувања во спортот.
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски, на повеќемина спортисти им го врачија признанието кое претставува симбол на националната почит и поддршка за спортските вредности што ги градиме заедно.
Ова е признание за најдобрите македонски спортисти за нивните исклучителни клупски остварувања во екипните спортови кои досега не беа соодветно вреднувани.
Државата несмее и нема да заборави никого, кој го промовирале спортот, а со тоа и државата. Потврда за тоа се овие 22 признанија кои ги доделуваме денеска. Ова признание не е само за минатото туку и поттик за иднината.
Не зборуваме само за спорт, зборуваме за пожртвуваност зборуваме за истрајност, за достоинство, за љубов кон татковината.
Денес овде ја исправуваме државата пред нејзините најгорди амбасадори, спортистите што со години наназад ја носеа Македонија во срцето, но и на грбот на терените, на арените и подиумите ширум светот.
Доделувањето на Националните признанија за врвни достигнувања во спортот е повеќе од формалност. Тоа е чин на длабока искрена и заслужена почит, признавање на животен подвиг на луѓе кои ги претворија соништата во резултатите резултатите во национална гордост
Со оваа одлука државата воспоставува нов принцип дека врвниот спортски успех мора да се вреднува не само во моменти на еуфорија туку и во текот на цел живот“,
истакна премиерот Мицкоски.
Министерот за порт, Борко Ристовски кој и самиот беше дел од повеќе историски спортски успеси на Македонија, истакна дека ова е големо признание за сите оние што ја издигнале Македонија на пиедесталот.
Со национално спортско признание за врвни достигнувања во спортот ќе се стекнат:
- фудбал: Горан Пандев, Дарко Панчев, Илија Најдоски
- кошарка: Петар Наумоски, Перо Антиќ
- ракомет: Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Владо Недановски, Петар Ангелов, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Мартин Поповски, Валентина Радуловиќ, Елена Ѓорѓиевска, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела Платон, Лариса Кисељова, Елена Златановска Муратовска, Клара Боева.
Според законските одредби, на спортистот кој стекнал национално спортско признание му се доделува плакета и месечен паричен надоместок во висина од половина до една и пол просечна месечна плата исплатена во Република Македонија во претходната година.
Средствата се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија, а се исплаќаат преку органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот.
Со измените во Законот за спорт (член 50-а) што ги направи Министерството за спорт, национално спортско признание со кое се стекнуваат спортисти државјани на Република Македонија „може да се додели и на спортист-поединец за освоен златен медал, односно за освоено прво место на официјално европско или светско сениорско клупско првенство од највисок степен во екипните олимписки спортови или во случаите на остварување резултат кој е светски или европски рекорд во олимписки спортови остварен на официјален меѓународен натпревари.

































