Како и што се очекуваше, македонската фудбалска репрезентација ќе почне офанзивно во дуелот со Казахстан во квалификациите за СП 2026-та.
Иако ќе биде на трибините поради суспензија, селекторот Благоја Милевски, ги одбра почетните 11-мина кои ќе истрчаат на „Астана арена“.
За разлика од натпреварот против Белгија во Скопје (1-1), Милевски направи три измени. Сега како поддршка на Миовски во нападот ќе биде искусниот Александар Трајковски.
Дарко Чурлинов ќе дејствува по десната страна во нападот. Своето деби во најдобриот национален состав ќе го има и дефанзивецот Стефан Деспотовски на десната бековска позиција.
Очекувањата се полн плен и нови три бода, а како ќе тече мечот што ќе почне од 16 часот, гледаме низ директниот ТВ пренос на МРТ каналите.






































