Дерби дуелот воедно и натпревар за шампионската титула им припадна на ракометарите на Еурофарм Пелистер со 32:30 и со тоа ја одбранија титулата трета во низа или вкупно 9.та титула.
На стартот од дербито двете екипи се менуваа во водство кое беше најчесто еден разлика и до 10:10 имаше 10 изедначувања. Први во серија грешки влегоа ракометарите од Битола и Вардар направи серија од 5-0 за шест минути. Но, “пелистерци” брзо се вратија со серија од три гола за 15:13. На полувреме беше 17:15.
На почетокот на вториот дел гостите од Битола со серија од три гола изедначија на 19:19, а потоа и на 20:20. Но, “црвено-црните” успеаја пак да се одлепат на два разлика. Ново изедначување беше 22:22 и потоа 23:23. Во 49.минута Гогов брани и не дозволи водство за гостите .
При нерешен резултат Манасков украден топка додека играше “фластер” на Борозан и погоди за 26:25 водство за Пелистер. Во 53.минута Еспиња при нерешен резултат одбрани седмерец на Кузмановски. Драмата продолжи и во 55.минута Митревски одбрани седмерец на Крсманчиќ. Пелистер продолжи со играч помалку по второто исклучување на Борзаш. По ударот на Кузмановски во пречката одбиената топка Хосни ја смести во мрежа за 28:27 за гостите. Гостите уште во два наврати водеа со еден разлика, а пред истекот на 59.минута тренерот на Вардар Милано го побара третиот тајм аут. Јагуриновски изнуди пенал Срдановиќ погоди статива и остана 30:29 за Пелистер и последен напад. Кузмановски изнуди седмерец Манасков го реализираше за водство од 31:29 и најава на победата.
Најефикасни беа Борозан и Срдановиќ кај Вардар со 7 голови, а Кузмановски со 6 лај Пелистер.
Ова воедно беше и проштален – последен натпревар за поранешниот судија сега делегат контролор Драган Начевски, кој поради возрасната граница заминува во спортска пензија.