Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва игра против Белгија во квалификациите за СП 2026 година.
Карти за дуелот што ќе се игра на арената „Тодор Проески“ речиси и да нема. Затоа од Фудбалската федерација на Македонија, излегоа со соопштение и неколку важни информации за гледачите кои ќе дојдат на арената.
Во соопштението на ФФМ се вели
Ве повикуваме сите да пристигнете навреме и да ја поддржиме нашата репрезентација!
🕡 Вратите се отвораат во 18:45 часот. Дојдете порано за да избегнете метеж и навреме да си го заземете вашето место.
🟡 Лица со жолти маички ќе ги проверуваат / скенираат билетите на влезот.
Подгответе ги однапред за побрза и полесна проверка.
🚫 На билетите се наведени предметите кои не се дозволени за внесување.
Ве молиме почитувајте ги правилата за ваша и заедничка безбедност.
🎺 Понесете го вашето знаме или шал и сите заедно да ја обоиме арената во црвено-жолто и да навиваме за Македонија! 🇲🇰
Инаку во близина и околу арената, важат посебни рестриктивни мерки за возила, па никој без посебни акредитации нема да може да се доближи до арената.
Дуелот Македонија = Белгија ќе почне од 20.45 часот.






































