Стефанија Ѓеорѓиевска, ракометарка која игра на позицијата лево крило, потпиша договор со ЖРК Ѓорче Петров.
По успешниот период во ЖРК Чаир, каде што се истакна со своите игри и постојан напредок, таа сега преминува во редовите на еден од најуспешните женски ракометни клубови во Македонија.
Со оваа трансфер се очекува да внесе сигурност на крилната позиција, а ЖРК Ѓорче Петров добива засилување со ракометарка која веќе има значително искуство.
Покрај ангажманот на Стефанија Ѓеорѓиевска, ЖРК Ѓорче Петров официјално го продолжи договорот и со Емилијана Ризоска, која исто така игра на позицијата крило.
Претходно, ЖРК Ѓорче Петров се засили и со голманот Марија Јованоска и пивотот Анастасија Трпеска, со што клубот продолжува активно да се подготвува за новата сезона.
Ивона Кимовска


































