Сеуште актуелниот ракометен првак на Македонија, Еурофарм Пелистер, веќе работи на тимот за следната сезона.

Во Битола и наредната сезона ќе го гледаме Србинот, Богдан Радивојевиќ. Тој се обврза на верност кон пелистерци на уште една година. По две успешни сезони десното крило постигна согласност за соработка и за сезоната 2025/26.


32-годишниот Радивојевиќ освојувал трофеи секаде каде што настапувал. Во Партизан, Рајн Некар Левен, Флензбург, ПИК Сегед и Еурофарм Пелистер, Радивојевиќ остави голем белег.

Радивојевиќ во сезоните 2023/24 и 2024/25 одигра 27 натпревари за Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, а минатата сезона го освои и шампионатот на Македонија.