Екипата на Париз Сент Жермен е новиот владетел во Лигата на Шампионите. Со резултат од 5:0 против Интер „светците” од Париз, војската на на Луис Енрике се покажа како вистински шампион во финалето одиграно во Минхен.
Натпреварот уште во првиот дел имаше познат исход. Прв стрелаше Хакими за 1:0 во 12-та минута. Во 20.минута Десире Дуе зголеми на 2:0. После тој гол и како да се изгуби самодовербата кај Интер.
Во второто полувреме уште три гола во мрежата на тимот од Милано.
Десире Дуе зголеми на 3:0 во 63.минута, а Грузиецот, Квича Кварацкелија за 4:0 погоди во 73-та минута.
Доминацијата на „светците“ беше потврдена во 87.минута кога Сени Мајулу ги постави конечните 5:0 за ПСЖ.
Херојската кампања на Интер против Барселона и Баерн, не беше доволна за 4-тата шампионска круна во Европа.
Екипата на Луис Енрике се покажа низ целата сезона ја комплетираше „триплетата” и за прв пат во својата историја ја освои Лигата на Шампиони.