Минхен и „Алијанц Арена“ се подготвени за финалето на фудбалската Лига на Шампиони.

ПСЖ и Интер ќе го дадат одговорот на прашањето, кој ќе биде европски шампион во 2025. Тие вечерва ќе се „судрат“ во големото финале на елитното натпреварување.

ПСЖ ВО ВТОРИОТ ОБИД ГО БРКА ПРВИОТ ТРОФЕЈ

ПСЖ е освојувач на овогодинешната двојна круна во Франција и во погледите на јавноста фаворит за трофејот во Лигата на Шампионите. Франција како претставник немала шампион од далечната 1993 година кога Марсеј се радуваше на „ушкото”. Сега можеби е најдобрата шанса, француска екипа да застане на челото на Лигата на Шампионите.

За ПСЖ ова е второ финале во нивната историја. Првото во 2020 година против Баерн Минхен со голот на „нивниот” Кингсли Коман, германскиот тим ги обедини 3-те круни и во таа „ковид сезона” стана европски првак.

ПСЖ неколку пати беше близу до финалето, во годините 2024, 2021 и 1995, но во тие години патот им застана во полуфиналето. Експериментот Меси, Нејмар и Мбапе не донесе трофеј во европската елита, ниту во сезона на Мбапе и неговите другари не беше доволна.

Тренерот Луис Енрике не само што изгради неверојатна екипа со фантастичен тимски фудбал, туку и ги освои срцата на сите во Париз и сите фудбалски фанови низ светот.

Патот на ПСЖ низ Лигата на Шампиони беше „потрнлив” за разлика од нивниот поход во Лигата и Купот. Тука мораа да го играат дополнителната нокаут рунда и најдоброто од Англија во патот до финалето. На тој пат ПСЖ прво го елиминира англискиот првак Ливерпул, па Астон Вила во четврт-финалето, и на крај Арсенал. ПСЖ има цел, да ја донесе титулата од Лигата на шампиони во Париз, а само финалето ги дели „светците“ од тој сон да стане јаве.

ИНТЕР 15 ГОДИНИ ЧЕКА НА НОВ ТРОФЕЈ

Интер пак има за што да жали во италијанската лига и Куп бидејќи во еден момент беше кандидатза „триплета”. Но само самите се „заплеткаа“ и останаа со празни раце. Н

Во Лигата на шампионите, Интер во 2023 беше многу блиску до трофејот, но заврши втор бидејќи Манчестер Сити триумфираше против нив во финалето. Последен пат Интер беше европски првак, кога нашиот Горан Пандев беше нивни член. Во 2010 под палка на „специјалниот” Жозе Мурињо, неро-азурите ги обединија трите „круни“ и Интер и стана европски шампион.

Сезонава Интер во лигашкиот дел на Лигата на шампионите заврши на 4.та позиција. Цела фудбалска јавност може да се сложи дека целосно „нокаут’ рундата ја одиграа „машки”. Ниту еднаш не се предадоа.

По победата на Фејнорд во осмина финалето, Интер епски го поминаа Баерн Минхен каде херој беше Давиде Фратези. Во полуфиналето против Барселона, која беше сметана за најголем фаворит, одиграа подобро од нив. Кога херој беше потребен, таму повторно на „тој повик се јави” Давиде Фратези. Ако има екипа која не треба да се отпише во Лигата на шампионите оваа сезона токму тоа е Интер. Тоа ќе биде мотив плус за Интер и тоа ќе биде моментумот што ќе пробаат да го донесат во финалето.

Тоа е анализата на екипите и нивните сезони и претходна историја. Сцената е спремна, Минхен е подготвен, а по долго време нема да имаме шампион кој доаѓа од Шпанија, Англија или Германија.

Кој ќе биде нов европски првак ќе дознаеме по „битката“ ” меѓу ПСЖ и Интер вечерва чиј старт е закажан за 21 часот.

AНKETA | УЕФА ЛИГА ШАМПИОНИ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА