Кошаркарите на ТФТ славеа против МЗТ Скопје Аеродром во третиот натпревар од финалето на плеј-офот. ТФТ пред своите симпатизери во СЦ „Кале“ го совлада МЗТ Скопје со 63-58 и намали на 1:2 во серијата што се игра до три победи.

Домаќините отворија фантастично и во шестата минута имаа двоцифрена предност 14-1. На првата мала пауза ТФТ замина со +11 (22-11). Видлива беше мотивацијата на кошаркарите на ТФТ кои во 18-тата минута ТФТ имаше најголемата предност од 20 поени 39-19. Летаргичноста на шампионот МЗТ во првиот дел најдобро ги отсукуваат само 23 постигнати поени за 20 минути игра. Затоа на пауза ТФТ замина со 19 поени предност (42-23).

МЗТ во вториот дел се врати во игра, но ТФТ славеше

Во вториот дел, сосема ново лице на шампионот. Во третиот квартал МЗТ успеаја да ја надополни целата негатива. Го добија аеродромци периодот со 10-29 и во последниот се влезе од „нула“ израмнети 52-52.

На стартот на последната четвртина МЗТ за прв пат и поведе (52-53). Императивот за победа придонесе во наредните осум минути да бидат постигнати вкупно само седум па во последната минута се влезе со израмнети 56-56. Ташовски реализира едно од двете слободни фрлања за водство на ТВТ со 57-56. Згрешија аеродромци во следниот напад, а тоа им отвори шанса на домаќините. Неспортската лична грешка на Едвин и двете реализации на Говенс од „пенал линијата“ значеше и предност од три поени (59-56). МЗТ се обиде со брзи прекини да го стопира времето, а Зафиров погоди едно од двете слободни фрлања за 60-56. Иако на семафорот останаа 22 секунди, тука веќе беше јасно дека ТФТ ќе го добие мечот.

ТФТ во финишот без најдобриот стрелец

Герет Браун со 20 поени (8 скока и 5 асистенции) беше прв стрелец во победничката екипа, кој во финишот се повреди. Фвоцифрени беа и Говенс и Таковски со по 15 поени. Во редовите на МЗТ беше Едвин беше најпрецизен со 15 поени, а Маслинко на 12 поени додаде 9 скока.

Така МЗТ Скопје ќе полека на својата 12 -та титула, а ТФТ ќе ја има улогата на домаќин и во следниот натпревар (понеделник), ќе се обиде да избори мајсторка.

Следете нé на социјалните мрежи