Кошаркарите на битолски Пелистер го запишаа четвртиот пораз во шампионатот откако попладнево во последниот натпревар од 17.коло од Првата лига загубија на гостувањето кај екипата на Чаир 2030 и покрај поразот битолчани остнаа на второто место на табелата. Чаирчани забележаа победа од 88:77 (19:21; 23:18; 28:17 и 18:21). За домашниот тим ова беше петта победа во првенството.
Битолчани подобро го почнаа натпреварот и првиот период го добија со 21:19, а кон средината на вториот период водеше и со +8 (33:25). Но, чаирчани со серија од 17:6 на полувреме имаа предност од 42:39. На почетокот на вториот дел во два наврати беше нерешено (44:44 и 46:46) и потоа чаирчани со серија од 16:1 стигнаа до предност од +15 што се покажа како недостижно за гостите од Битола. Во последната четвртина Чаир 2030 водеше и со 20 разлика, а Пелистер успеа само да го ублажи поразот.
Најефикасен на дуелот со 28 поени беше поранешниот играч на Пелистер, сега член на Чиар 2030 Недим Мустафица, Мохамед (Чаир 2030) постигна 22 поена, а Јован Александровски (Чаир 2030) 18. Кај Пелистер најпрецизен беше Донтај Краутерс со 26 поени.
Табела: МЗТ Скопје А. 32 бода, Пелистер 30, ТФТ 28, Еуро НИкел 28, Гостивар 28, Феникс 27, Работнички 26, Кожув 25, Чаир 21, Куманово 21, ФМП 20, Струмица 19.