Кумановската екипа на Башкими обезбеди пласман во Првата македонска фудбалска лига. Во бараж натпреварот што се играше во Кавадарци, Башкими ја победи Беса со убедливи 2-0.
Првото полувреме помина иницијатива на тимот на Беса. Сепак, во 37.минута Хабиб Саити го отвори резултатот за водство на тимот од Куманово.
Беса постојано се обидуваше да израмни, создавајќи неколку шанси, но одбраната на Башкими беше цврста и не подлегна на притисокот.
Во второто полувреме, беса атакуваше на голот на кумановци, но не ги искористи шансите, па дојде казната. Во 80-тата минута Алексoвски ја зголеми предноста на 2-0 и го постави конечниот резултат.
Оваа победа значи голем успех за Башкими, кој по пауза од 17 години повторно ќе игра во највисокото македонско фудбалско друштво. Последен пат тимот од Куманово беше дел од ПМФЛ во сезоната 2007–08, а две години претходно играше и во квалификациите за тогашниот УЕФА Куп.





































