По поразот на првиот натпревар на „Енфилд“, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека надежите за неговата екипа се згаснати.
Но, Германецот сега, додуша резервирано, се премисли. На официјалната прес конференција пред вечерашниот реванш, Клоп смета дека и додека постојат шанси неговиот тим ќе се бори.
„Реков пред три недели, Реал со овој резултат се пласираше во следната рунда, сега три недели подоцна, ние сме тука и знаеме дека треба да играме. Ако има само еден процент шанса, би сакал да се обидеме. Тука сме да играме со исклучително силен противник и да се обидеме да го добиеме натпреварот. Колку и да е тешко тоа, сепак не е веројатно, но и можно е. За тоа, ние сме тука, ќе видиме до каде ќе не одведе тоа“,
изјави Клоп на прес-конференција.
Дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ практично е реприза на минатогодишното финале, но сега еден од двата тима ќе ја заврши Лигата на шампионите во осминафиналната рунда.
Ќе направи ли чудо Ливерпул, или пак Реал рутинирано ќе го потврди пласманот меѓу осумте најдобри останува да видиме по средбата што почнува од 21 часот.