Денеска стартува 32-тото финале, во кошаркарското првенство на Македонија во машка конкуренција.
За Шампионскиот трофеј ќе се борат актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром и екипата на ТФТ. Впрочем двата тима беа најдобрите во регуларниот дел од сезоната, а и во плеј-офот лесно со 3:0 ги совладаа противниците.
Традицијата секако е на страната на актуелниот шампион. МЗТ Скопје Аеродром ќе атакува на својот 12, а ТФТ на првиот шампионски трофеј.
За аеродромци ова ќе биде вкупно 19-та финална серија, а тринаесетти пат по ред сино-белите играат за титулата. Во тие 13-финални пресметки само еднаш МЗТ не успеа да го освои трофејот. Тоа во сезоната 2017/18 кога загуби од Работнички кој е најуспешен со 15 трофеи.
Тимот од скопската населба Тафталиџе, прв пат ќе се бори за шампионската титула, а во својата кратка клупска историја веќе има еден од Купот на Македонија.
Во двата натпревари одиграни сезонава, по една победа забележаа екипите кои беа домаќини. Така МЗТ Славеше во последниот во „Јане Сандански“ со осум разлика (74-68), а претходно ТФТ во „Кале“ со пет разлика (75-70).
Сега во финалето, МЗТ ќе ја има предноста на домашниот терен и тоа во првите два дуели, а ќе биде ли таа пресудна останува да видиме.
Првиот, вечерашниот натпревар во „Јане Сандански“ ќе почне од 19.30 часот.




































