Фудбалерите на Вардар и Струга Трим Лум вечерва ја затвораат сезоната 2024/25 во мак-фудбалот.

Со натпреварот по кој ќе го дознаеме освојувачот на трофејот во Купот на Македонија ќе биде „спуштена завесата“ на оваа натпреварувачка сезона.

Екипите кои во првенството завршија зад водечкото трио, излезот на европската сцена ќе го бараат со победа во финалето на Купот.

Минатогодишниот првак Струга Трим Лум беше четврта, а Вардар со одличната игра во пролетниот дел од „бездната“ се издигна на петтото место.

Вечерашниот финален, дуел ќе биде третиот овосезонски на двата тима, кои остварија по една победа и еднаш одиграа без голови.

Сега влогот е многу поголем и се игра еден натпревар, па калкулациите се сведуваат на едно, само победа. Неа ја посакуваат во двата табора.

Вардар по шестиот, стружани по првиот трофеј во Купот

За Вардар тоа ќе биде вкупно седмо финале во Купот на Македонија, а прво по 18 години односно 2007-мата. Тогаш вардарци ја совладаа прилепска Победа и го освоија петтиот куп трофеј.

Стружани во своето второ финале ќе се борат за првата титула. Тие пред две години беа поразени на пенали од Македонија Ѓорче Петров.

Кој вечерва ќе се радува на арената „Тодор Проевски“ останува да видиме по мечот што ќе почне од 20 часот.

Ние Ве прашуваме, КОЈ Е ВАШИОТ ФАВОРИТ !

АНКЕТА ФУДБАЛ КУП МКД by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА