Три кола остануваат до крајот на сезоната во плеј-оф конкуренцијата на женската ракометна Супер лига.
Дилемата околу шампионската титула одамна беше разрешена, иако официјално минатото коло Ѓорче Петров ја потврди доминацијата.
„Лавиците“ од Ѓорче ја одбранија шампионската „круна“, па денеска пред својата публика по дуелот со Вардар може и да го кренат трофејот.
Ова е еден од двата натпревари што се играат денеска, во терминот од 12 часот, за кога е закажан и почетокот на дуелот Чаир – Астибо. Утре пак, својот меч од оваа рунда ќе го играат Металург Автокоманда и Куманово.
СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – ПЛЕЈОФ 18.КОЛО
10.05.2025 САБОТА
12:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК – ВАРДАР
12:00 ЧАИР –АСТИБО
11.05.2025 НЕДЕЛА
19:00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – КУМАНОВО
ТАБЕЛА (плеј-оф): Ѓорче Петров 37 бодови, Металург Автокоманда 27, Чаир 23, Куманово 11, Вардар 9, Астибо 0.