Во воведниот натпревар 17.коло на плеј-офот на женската Супер лига, ракометарките на Металург убедливо го совлада Вардар со 30:22.
Натпреварот започна израмнето, со игра гол за гол. Сепак, клучниот момент се случи околу 20. минута, кога Металург направи импресивна серија од 6:0 и поведе со 13:7. Вардарки се обидуваа да се вратат во игра, но Металург продолжи со доминантната игра, зголемувајќи ја предноста на +10 (18:8) во 27. минута. На полувреме, домаќинките заминаа со сигурна предност од 19:10.
Во второто полувреме, Металург ја одржуваше предноста и играше сигурно. Вардар во неколку наврати се обиде да ја намали негативата и во 42. минута се приближи на 22:16, но не успеа да се врати целосно во натпреварот. Металург повторно ја зацврсти контролата и во 50. минута водеше со 26:17. До самиот крај немаше значајни промени, па Металург заслужено славеше со конечни 30:22.
Најефикасна од победничкиот тим беше Јанкуловска со осум гола, додека од Вардар Миленковска даде еден помалку.
За утре се закажани другите два натпревар од ова коло. До крајот на првенството остануваат уште три рунди.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА (КАЛЕНДАР) – ПЛЕЈОФ 17 КОЛО
08.05.2025 ЧЕТВРТОК
18:00 АСТИБО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
19:30 КУМАНОВО – ЧАИР
07.05.2025 СРЕДА
ВАРДАР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 22-30
ТАБЕЛА (плеј-оф): Ѓорче Петров 35 бодови, Металург Автокоманда 27, Чаир 21, Куманово 11, Вардар 9, Астибо 0.
Ивона Кимовска