Во наредните два дена нé очекува „фудбалска манија“ бидејќи ќе се одлучат преостанатите четирите патници кои ќе продолжат во следната, четвртфинална, фаза на Лигата на Шампионите.
На програмата се реванш осминафинални дуели. Вечерва се играат два.
На стадионот „Етихад“ во Манчестер, англискиот шампион го пречекува Лајпциг. Освен предноста на домашниот терен популарните „граѓани“ не успеаја да се стекнат со предност на гостувањето во Германија, па по дуелот што заврши без победник 1-1, ниту еден од тимовите не успеа да се стекне со предност.
Сепак, тимот на Пеп Гвардиола е фаворит, но никогаш не се знае на вакви натпревари.
„Убаво е што на почетокот на сезоната важевме за главни фаворити, но мораме да поминеме тешки 90 минути на теренот. Нашата цел е јасна трофејот во Лигата на шампионите“,
вели Гвардиола.
Следниот дуел е во Португалија, каде Порто ќе игра против Интер, меч во кој „Нероаѕурите“ ќе влезат со минимална предност од 1-0, остварена на првиот натпревар во Милано.
Тренерот на Порто, Серхио Консеисао смета дека неговиот тим не смее да тргне „безглаво“ да ја брка анулира, напротив.
„Добро го познаваме Интер. Но, имаме деведесет минути во кои треба да покажеме што знаеме и да забележиме позитивен резултат. Важно е да се залетаме веднаш со нападите и да играме стрпливо, да ги изградиме нашите шанси “,изјави Консеисао.
Средбите во Манчестер и Порто ќе започнат во стандардниот термин од 21 часот.