Екипите на Барселона и Интер вечерва ќе го дада првиот финалист во дудбалската Лига на шампиони.
Реванш полуфиналниот дуел впо Милано ќе го почнат од нула, односно, со нерешениот резултат3-3 од првиот меч на „Можуик“. Гигантите ќе се соочат во дуел за „билет” за финалето во Минхен.
Овие две екипи последен пат во европско полуфинале се сретнаа во 2010 година, кога Мурињо и Интер ги елиминираа „Каталонците”.
Барса по деветтото
Барселона е во неверојатен ритам кој вклучува и трофеј во Копа дел Реј против вечниот ривал Реал Мадрид и тешко извојуваната победа против Ваљадолид. Барселона на крилјата на Рафиња и Јамал ќе „итаат” по финале во Италија кое ќе биде неверојатно достигнување за Ханси Флик во својата прва сезона. Во Ла Лига, Барса му бегаат на Реал 4 бода на 4 кола до крајот и ако триумфираат против Интер и викендов против Реал Мадрид може до два нови трофеи
Барселона последен пат полуфинале во Лига на Шампиони играше во 2019 година, кога на чудесен начин загуби од тогашниот освојувач Ливерпул. На европскиот трон Барса последен пат застана во 2015 предводена од триото „МСН” – Меси, Суарез, Нејмар и тренерот Луис Енрике.

Интер го „брка“ шестото финале
Интер игра исто така неверојатно добра сезона, но дојдоа до непредвиден колапс каде загубија од Милан во полуфиналето на Копа Италија. По неколкуте кикса во Сериј А, заостануваат 3 бода од лидерот Наполи. Интер сепак се покажа како тежок залак за Барса, бидејќи на „жешкиот” терен на „Монжуик“ водеа со 2:0, а потоа и со 3:2.

Интер последен пат беше финалист во 2023 кога загуби од Манчестер Сити, а на европскиот трон застана во 2010 под водство на Мурињо, а во тимот во кој беше и Горан Пандев.
Барселона и Интер ќе се борат за финале култниот „Џузепе Меаца”, а почетокот на натпреварот е во 21 часот.