Машката ракометна репрезентација на Македонија втор ден во Скопје, се подготвува за последните два евро-квалификациски натпревари.

Иако без неколкумина стандардни репрезентативци, црвено-жолтите ќе се обидат да остварат победи во дуелите со Естонија и Литванија.

 

Првиот натпревар против Естонија македонските ракометари ќе го играат на гостински терен во Талин на 8 мај од 18 часот. Последниот меч во овие квалификации против Литванија е на 11 мај во СЦ „Јане Сандански“ од 18 часот.