Кошаркарите на Индијана продолжуваат со одличните игри во НБА плеј-офот. Откако го елиминираа Милвоки, сега Пејсеср стартуваа со победа во полифиналето на истокот.
На гостувањето кај најдобриот тим од регуларниот дел од сезоната Кливленд, екипата на Индијана славеше со 112:121 за водство од 0-1 во серијата.
Пејсерсите, кои беа расположени за шутирање и погодија 19 тројки, беа предводени од Ендру Нембхард со 23 поени. Тајрис Халибартон додаде 22 поени и 13 асистенции.
Најдобар играч за „Кавалирс“ беше Донован Мичел со 33 поени.
И следниот натпревар ќе се игра во Кливленд во среда (01 часот).