Екипата на Голден Стејт ја доби „мајсторката“ со Хјустон и обезбеди конференциско полуфинале на западот.
Вориорс победија со 103:89, а во преден план се најде и Бади Хилд , кој постигна дури девет тројки, со што постави рекорд во НБА за седмиот натпревар од плејофот. Тој го заврши натпреварот со 33 поени.
Стеф Кари додаде 22 поени, од кои 14 во последната четвртина, а собра и десет скока и седум асистенции. Џими Батлер на 20 поени додаде осум скока и седум асистенции.
Во полуфиналето Голден Стејт ќе игра против Минесота која го елиминира ЛА Лејкерс.




































