Со дерби дуелот во Тетово во кој Шкендија ја пречека Струмица комплетирано е 7.коло во одбојкарскиот шампионат на Македонија, во машка конкуренција односно во Втората фаза-1.

Актуелниот шампион не и дозволи на Шкендија по втор пат да изненади, откако во второто коло загуби на домашен терен со 2-3, сека Струмица славеше со 3-1.

Првите два сета ги добија Струмичани со 25:19 и 25:18, додека домаќините по голема борба го добија третиот сет во своја полза со 25:23

Немаа сепак тетовци доволно сили и по втор пат да се изборат за решавачки сет, бидејќи шампионот го речи четвртиот во своја полза со 25:13 за конечни 3:1 во сетови.

За Струмица ова беше 9-тата победа сезонава со која го „запечатија“ првото место во групната фаза, додека Шкендија го претрпе третиот пораз, па со „скор“ 14-3 се на делба на второто и третото место на табелата со Борец кој беше убедлив во мечот со Весна Пробиштип.

Покрај овие три тима речиси сигурен патник во полуфиналето ќе биде Работнички кој ја доби директната пресметка со Лирија за четвртата позиција и тоа по пет максимални одиграни сетови.

РЕЗУЛТАТИ – ПРВА ЛИГА (МАЖИ), ВТОРА ФАЗА-1, (7.КОЛО)
Шкендија – Струмица Никоб 1-3 ( 19:25 / 18:25 / 25:23 и 13:25
Лирија – Работнички 2-3 (20:25, 25:22, 25:23, 17:25, 8:15)
ГОК Борец – Весна Пробиштип 3-0 (25:8, 25:17, 25:13)

Табела: Струмица Никоб 16-1, Шкендија 14-3, ГОК Борец 14-3, Работнички 9-8, Лирија 7-10, Весна Пробиштип 6-11.