По возбудувањата во Лигата на шампионите, вечерва ќе се играат две полуфиналиња во Лигата на Европа.
Атлетик Билбао е домаќин на Манчестер Јунајтед, а Тотенхем е голем фаворит против Бодо/Глимт.
Манчестер Јунајтед ќе ја спасува сезоната преку Атлетик
Атлетик има феноменална сезона, на пат кон враќање во Лигата на шампионите и освојување на својот прв европски трофеј. Баскијците се четврти во Ла Лига и очигледно ќе играат во Лигата на шампионите по трет пат во својата историја.
Тимот на Атлетик има дополнителен мотив во ова натпреварување, бидејќи финалето ќе се игра на нивниот стадион.
Од друга страна, на „Црвените ѓаволи“ им останува само ова натпреварување за спас на сезоната. Јунајтед ги стави сите карти во Лигата на Европа. Во Премиер лигата тие само си ја вршат работата и моментално се на 14-то место со 39 бода.
Тотенхем е голем фаворит против сензацијата Бодо/Глимт, но…
Тотенхем во Лондон ќе го пречека норвешкиот тим Бодо/Глимт во првиот нивни дуел. За Спарс, Лигата на Европа како и за Јунајтед, е последна шанса да ја спасат сезоната. Тотенхем има 19 порази во домашното првенство и е на 16-то место.
Норвежаните веќе испишаа историја, како прв клуб од нивната земја во европско полуфинале. На патот во четирите најдобри екипи во ова натпреварување, тие Ти ги елиминираа Олимпијакос и Лацио. Ова е доволен показател дека Бодо/Глимт не е тим за потценување.
Натпреварите во Билбао и Лондон ќе почнат во 21 часот.


































