Фудбалерите на Париз Сен Жермен го добија првиот полуфинален дуел со Арсенал во Лигата на шампионите.
Студен „туш“ за навивачите на Арсенал, присутни на „Емирати“ во Лондон, дојде многу рано. Нивниот омилен тим по само три минути игра има негатива од 0-1. Францускиот првак ПСЖ има водство со голот на Усман Дембеле.
Арсенал во продолжението се сите сили се обидуваше да ја анулира негативата. Создадоа „топчиите“ неколку шанси, од одличен на голот на гостите беше Донарума. Голема шанса за втор гол имаа и „светците“ преку Дезире Дуе кој во 31.минута ја погоди стативата.
Само што полна вториот дел (47.минута) Деклан Рајс ја затресе мрежата на ПСЖ. Но радоста на домаќините траеше кратко, бидејќи по прегледувањето на ВАР снимката, голот беше поништен поради офсајд.
Во 57-мата минута по контрата, се обиде и Леандро Тросард, но Донарума уште еднаш фантастилно интервенираше. Гостите од Париз беа предодредени на одбраната и контра нападите. Еден таков напад му овозможи на баркола во 84.минута да зголеми на 2:0, но биеше покрај голот. Само две минути подоцна Арсенал имаше и многу среќа кофа ударот на Рамош заврши во пречката од голот на домаќините.
Така на крајот ПСЖ гол предност заминува од Лондон. Но, овој резултат ветува уште поинтересен реванш дуелот во Париз, што ќе се игра следната среда на 7 мај.