Во првото полуфинале од Лигата на шампионите, ќе се сретнат два европски гиганти, Арсенал и Париз Сен Жермен. Натпреварот ветува спектакл, емоции и борба до последен свиреж, бидејќи и двете екипи сонуваат за пласман во големото финале.
Два клуба веќе играа еден против друг, во првиот дел од сезоната, а англискиот клуб лесно победи со 2:0.
„Навистина се радуваме на натпреварот, ќе дадеме сѐ од себе за да победиме.
Ги гледам играчите во очи и гледам дека се радуваат.
Мора да играме со тој начин на размислување, да го оставиме сето тоа да си оди и да дадеме сѐ од себе“,
изјави Микел Артера, тренерот на Арсенал.
Арсенал и ПСЖ досега се сретнале неколку пати на европска сцена, но ова е нивниот прв дуел во завршницата на Лигата на шампионите. Во групната фаза од сезоната 2016/17 одиграа две ремија – 1:1 во Париз и 2:2 во Лондон.
„Веќе се соочивме со нив оваа сезона.
Квалитетите и недостатоците што нè доведоа тука се исти. И нивните и нашите.
Сакаме да ги освоиме сите трофеи играјќи на начинот на кој играме, бранејќи се на начинот на кој играме“,
истакна Луис Енрике тренерот на ПСЖ.
Двата тима го бркаат своето второ финале во Лигата на шампионите.
Арсенал играше за трофејот во 2006 година, кога беше поразени од Барселона со 2:1 во драматичен натпревар. ПСЖ, пак, стигна до финалето во 2020 година, но загуби од Баерн Минхен со 1:0.
Вечерашниот дуел меѓу Арсенал и ПСЖ што ќе се игра во Лондон, ќе почне од 21 часот. Утревечер во истиот термин стартува и првата половина пресметка меѓу Барселона – Интер. Реванш натпреварите ќе се играат следната седмина (6 и 7 мај).