Две кола, два не завршени натпревари, откажување од понатамошниот тек на фудбалското  првенство. Ова не е приказна за некоја далечина земја, туку реалност во мак-фудбалот.

По Воска спорт и Гостивар реши да ја повлече екипата пред судијата да означи крај на натпреварот. 

Од Фудбалската федерација нас Македонија (ФФМ) излегоа со реакција.

Нашата борба за чист фудбал нема враќање назад. Одиме до крај за регуларен, чесен и достоинствен македонски фудбал!

ФК Гостивар грубо ја изневерија фудбалската јавност и фер-плејот.

Овој чин е смислен и намерен обид на одредени поединци кои поради финансиски побуди и неисполнети очекувања, избираат на најгруб начин да ја манипулираат јавноста и да ја деградираат фудбалската сцена.

Воска и Гостивар нема да бидат тие што ќе го валкаат македонскиот фудбал. Тие не го создале овој фудбал за да имаат право да го уништуваат. Секако, ќе завршат таму каде што навистина заслужуваат.

Ова меѓу останатото е реакцијата на ФФМ во соопштението кое во целост може да го прочитате овде

Дали и Гостивар ќе ја следи до крај Воска спорт и ќе се повлече од понатамошниот тек на првенството останува да се види!?