Фудбалерите на го освоија првиот трофеј сезоната и тоа Купот на Шпанија. Во 123-тото финалето одиграно вечерва во Севиља, фудбалска „војна“ видеа Барселона – Реал Мадрид. На крајот и тоа по продолженијата победа оствари Барса со 3-2, откако по регуларниот дел резултатот беше 2-2.

Уште од самиот почеток Барселона беше екипата која постојано ја контролираше играта, имаше посед на топката и создаде неколку шанси. Реал предодреден на одбраната, но таа не помогна во 28-мата минута. Јамал одличното проигра Педри кој си прекрасен волеј удар од 18 метри, го совлада Куртоа на ефектен начин.

Тој гол како да ги разбуди фудбалерите на Реал, па тие тргнаа по офанзивно. Во 35.минута Белингем ја затресе мрежата на Барселона, но голот беше поништен поради офсајд. Барса имаше можност за 2-0 во 42.минута, но ударот на Феран Торес заврши од стативата на голот на Куртоа.

Второ полувреме за паметење

Во вториот дел Реал притисна уште повеќе кон голот на Барселона. Карло Анчелоти фрли се на една карта и во игра го внесе Килијан Мбапе кој беше изоставен од стартните 11-мина поради повреда. А, токму Французинот, со прекрасен го од слободен удар во 70.минута го израмни резултатот на 1-1.

Тоа дополнително ја зголеми мотивираноста меѓу реаловите фудбалери. Притисокот продолжи, Барса тешко се бранеше, а тоа беше крунисано со втор гол за Реал. По корнерот на Ѓилер, заспаноста на одбраната на Барселона ја казни Чуламени кој во 77.минута донесе водство на Реал од 2-1.

Тоа во продолжението ја смени играта, па Барселона сега бркаше негатива. Малку фалеше во 82.минута Јамал да го стори тоа, но со одлична парада Куртоа спаси. Затоа пак, две минути подоцна (84) голманот на Реал направи лоша проценка со што му овозможи на Феран Торес да израмни на 2-2.

Како наближуваше крајот на натпреварот така играта стануваше се по жестока. Се играше шестата минута, последна, од судиското дополнение кога Раул Асенсио направи фаул врз Рафина, по што беше судијата Де Бургос покажа на белата точка. Сепак беше повикан од ВАР собата, па по прегледување снимката го поништи пеналот. Веднаш потоа беше означен и крај на регуларниот дел.

Французинот, Кунде е јунакот на Барселона

Темпото на играта и во дополнителните 30.минути не падна, напротив. Двата тима се обидуваа да стигнат до нов погодок и водство. Видовме по неколку шанси кои не беа реализирани, се до 115-тата минута.

Недоразбирањето на Модрич и Мбапе го искористи Французинот, Кунде кој по трет пат го принуди Куртоа да ја извади топката од својата мрежа.

Немаше време Реал повторно да стигне до израмнување, а со тоа и пенали, па Барса можеше да слави.

За Барселона која е најуспешниот клуб во историјата на Купот на Кралот, тоа е 32-рата освоена титула од вкупно 43 финални натпревари. Реал Мадрид, остана на бројката од 20 титули по 41-вото одиграно финале.

Ова беше осмото финале во „Кралскиот Куп“ во кој играа лутите ривали Барселона и Реал Мадрид, а сега резултатот е израмнет во победи 4-4.