Одбојкарките на Јанта волеј со победа ја почнаа финалната серија од плеј-офот.

Тие, во првиот меч на домашен терен, по голема борба ји со пресвртн ја совладаа екипата на Јанта волеј со 3:2 во сетови.

Актуелниот шампион во два наврати имаше сет предност, водеше и во последниот, но не успеа да стигне до триумф.

Работнички одигра на посакуваното ниво во првиот сет во кој беше израмнето се до 14-14. Следуваше серија 5-1 за водство 14-19. Таквата предност гостински ќте одбојкарски не и испуштија, па сето го добија со 20-25 за водство од 0:1.

Во вториот сет, Работнички брзо создаде предност и веќе имаше водство од пет поени 7-12. Тука дојде до големо опуштање на гостинските одбојкари, а домашниот тим тоа го казни со осум врзани поени за водство од 15-12. Но, серијата на Јанта волеј продолжи, па домаќините беа оние кои поведоа со осум разлика 21-13. Тука беше веќе јасно дека сетот ќе припадне на домашните одбојкарките (25-19) за израмнување на 1:1.

Третиот сет, шампионот Работнички го отвори со седум врзани поени (0-7), предност која, овојпат, се покажа како не достижна. Гостинките функционира одлично во секој сегмент на играта, па на крајот го добијан и со најголеми +14 разлика 11-25 за водство од 1:2.

Во четвртиот сет, по израмнетите 8-8, тимот на Јанта волеј врза седум поени во низа и водство од 15-8. Тоа беше знак за тајм-аут на гостинскиот тренер Деспотовски, но предоцна. Домашниот состав беше во налет и рутински го приведе сетот во своја корист со 25-20, за израмнување на 2-2.

Решавачкиот петти сет донесе уште поголема борба за секој поен. Екипите се менуваа во водство се до 3-3 кога Работнички врза три поени едно по друго и поведе со 3-6. Гостинките позитивата ја одржуваа до 12-12, кога едноставно запреа. Домашните одбојкарките беа по концентрирано, па го свртеа резултатот и го добија сетот со 15-12, за конечни 3:2 во сетови.

Следниот, втор натпревар ќе се игра на теренот на Работнички во вторник.

Шампионскиот трофеј ќе го освои екипата која прва ќе оствари три победи.