Во рамки на 14-тото коло од плеј-офот во женската Суперлига, Ѓорче Петров беше подобар од Металург Автокоманда, славејќи на гостински терен со 33:22.

Натпреварот започна со израмнета игра, каде што се играше гол за гол. Ѓорче во 12-тата минута со серија од 2-0 успеа да се одлепи и да поведе со 7:5, но Металург брзо возврати и израмни на 7:7. Следеше нова изедначена фаза на натпреварот, во која двете екипи се менуваа во водството. Сепак, во 27-та минута Ѓорче повторно се одвои и стигна до предност од +3 (15:12). На полувреме, резултатот гласеше 17:14 во корист на Ѓорче.

Во второто полувреме, Ѓорче фати силен ритам и не дозволи простор за изненадување. Со одлична игра Ѓорче Петров, во 42-та минута поведе со убедливи 25:18. Металург изгледаше немоќно пред налетот на гостинките, кои од минута во минута ја зголемуваа предноста. До 52-та минута, Ѓорче имаше недостижни +10 (30:20) и веќе го најави својот триумф. До крајот на натпреварот, Ѓорче рутински ја одржуваше високата предност и не дозволи никаков пад во играта па успеа да слави со 33:22.

Најдобар стрелец во тимот на Ѓорче Петров беше Дежиќ со девет погодоци, додека од кај домаќините Јанкулоска даде пет гола.

Победа на гостински терен денеска остварија и ракометарките на чаир во диуелот со Вардар. Последниот натпревар од ова коло меѓу Куманово и Астибо ќе се игра утре.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – ПЛЕЈОФ 15.КОЛО

Сабота / 26 април
ВАРДАР – ЧАИР 34-37
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 22-33
Недела / 27 април
12.00 КУМАНОВО – АСТИБО

ТАБЕЛА (плеј-оф): Ѓорче Петров 31 бодови, Металург Автокоманда 23, Чаир 21, Вардар 9, Куманово 7, Астибо 0.

Ивона Кимовска