Двата најдобри тима на истокот во регуларниот дел од сезоната Кливленд и Бостон ги забележаа вторите победи во плеј-офот.
Во четвртфиналната конференциска рунда тие повторно на домашен терен славеа против Мајами и Орландо.
Кливленд кој имаше најдобар учинок во сезоната, го порази Мајами со 121:112. Донован Мичел ги предводеше Кавси до триумфот со 30 поени, а поддршка имаше од Дариус Гарланд кој додаде 21 и Еван Мобли со 20 поени.
Сега серијата што се игра во четири добиени натпревари се сели на Флорида каде ќе се играат следните два.
На Флорида ќе се играат и наредните два дуели меѓу Орландо и Бостон во кои шампионот Селтикс ќе влезе со предност од 2:0 во победи.
Ова откако синоќа Бостон без својот најдобар играч Џејсон Тејтјум кој е повреден, славеше над Хитс со 109:100.
Џејлен Браун ја презеде одговорноста , завршувајќи го натпреварот со 36 поени, десет скока и пет асистенции. Летонецот, Кристапс Порзингис заврши со дабл-дабл со 20 поени и десет скока, а Дерик Вајт имаше 17 поени
За разлика од претходните два натпревари, на третиот серијата сега е израмнета. Хјустон Рокетс победи на домашен терен против Голден Стејт Вориорс со 109:94 па сега е 1:1 во победи.
Џејлен Грин ги предводеше Рокетси со 38 поен, а Турчинот Алперен Шенѓун заврши со дабл-дабл со 17 поени, 16 скока, додека Дилон Брукс додаде 16 поени.
Во текот на втората четвртина Џими Батлер имаше сериозен пад и мораше да ја напушти играта поради повреда на карлицата и ќе мора да оди на дополнителни тестови. Следните два натпревари ќе се играат во Сан Франциско.