Хрватската репрезентација остана без победа на дуелот од квалификациите (4.коло) против Холандија во новата сала во Осиек.
Јунак на дуелот кој заврши нерешено 25:25 е голманот на „лалињата“ Барт Ревенсберген, кој во последните секунди со помош на пречката го одбрани ударот на капитенот на Хрватска Домагој Дувњак.
Инаку, претходните два напада (по еден за секоја репрезентација) завршија со пробивање.
Од другите денешни резултати за одбележување е високата победа на Норвешка над Србија и воедно им се реваншираа за поразот од четвртокот.
По одигрувањето на натпреварите од 4.коло (вчера и денес) познати пет репрезентации кои веќе обезбедија пласман на Европското првенство: Франција, Австрија, Португалија, Унгарија и Словенија.
Резултати на дуелите од 4.коло: Хрватска – Холандија 25:25, Словенија – Црна Гора 37:30, Португалија – Македонија 32:27, Израел – Естонија 29:27, Израел – Чешка 28:19, Грција – Белгија 26:24, Босна и Херцеговина – Косово 25:18, Норвешка – Србија 35:25, Словачка – Финска 32:25, Унгарија – Швајцарија 36:27, Турција – Луксембург 31:20, Литванија – Грузија 35:27, Летонија – Италија 23:29 (играно денеска), Франција – Полска 30:27, Австрија – Украина 31:28 и Романија – Фарски острови 25:17 (играно вчера).
Табела група 1: Португалија 8 бодови, Македонија 4, Турција 4, Луксембург 0.
Табела група 2: Норвешка 6, Србија 6, Словачка 2, Финска 2.
Табела група 3: Исланд 6, Чешка 6, Естонија 2, Израел 2.
Табела група 4: Австрија 4, Романија 4, Украина 2, Ф.острови 2.
Табела група 5: Грција 6, Холандија 5, Хрватска 5, Белгија 0.
Табела група 6: Унгарија 8, Швајцарија 4, Грузија 2, Литванија 2.
Табела група 7: Словенија 8, Црна Гора 4, Босна и Херцеговина 4, Косово 0.
Табела група 8: Франција 8, Полска 4, Италија 4, Летонија 0.
Натпреварите од последните две кола ќе се играат од 26 до 30.април.