Македонската ракометна репрезентација ги загуби двата натпревари со Португалија во квалификациите за Европското првенство 2024 во Германија.
Македонија веќе не е истата од пред 3-4 години, тоа е јасно. Со видно изменет состав, без оние кои со години ни носеа радост и успеси од големите натпреварување, сакале да си признаеме или не, ќе мора да се навикнеме да вакви резултати (порази).
За да се создаде нова селекција која ќе не врати на старите патеки же треба време, тоа е јасно, но колку останува да видиме.
Јасно е дека и Филип Кузмановски кој веќе подолг период е дел од сениорската репрезентација, во моментов е нашиот најдобар ракометар. Тоа го потврди и на двомечот со Португалците на кои им „испорача“ вкупно 15 голови, од кои дури 10 во вториот меч.
Токму од Кузмановски се очекува и да биде лидер на оваа репрезентација, а тоа Филип на најдобар можен начин веќе го заслужи и потврди.
Во видеата што следуваат, може да ги видите сите 10 гола на Кузмановски постигнати на вториот меч со Португалија, како и на „торпедото„ кое го „лансира“ на мечот во Скопје.