Во фудбалскиот шампионат на Македонија, односно Првата лига, денеска ќе се одиграат сите натпревари од 28-мото коло.
Дербито на колото е во Струга каде шампионот Трум Лум го пречекува четврто пласираниот Гостивар. Тоа можеби е и една од последните шанси за стружани да останат во игра барем за третата позиција на која е Работнички, а која води на европската сцена.
„Романтичарите“ пак кои пак имаат само една победа на последните четири натпревари, го пречекуваат битолски Пелистер.
Водечкиот тандем на табелата Шкендија и Силекс ќе гостуваат во Гостивар и Скопје. Многу поинтересен се очекува да биде на Чаир, каде Шкупи го пречекува Силекс, додека Шкендија и гостува на Беса.
Последните два натпревари може да разрешат голем дел од дилемите околу екипите кои се борат за опстанок.
Вардар кој се искачи на седмата позиција и направи добра бодовна предност гостува во Охрид кај последно пласираната Воска.
Во Кавадарци, претпоследно рангираниот Тиквеш со бод помалку влегува во дуелот со струмичка АП Брера.
Сите натпревари ќе полнат од 16 часот, а ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО НА ЕДНО МЕСТО – ОВДЕ.