Екипите на Мајами и Мемфис се последните два тима кои обезбедија пласман во НБА плеј-офот. Тие забележаа победи против Атланта и Далас за кои заврши сезоната.

Многу драматично беше во Атланта, каде Хокс и Хит го решаваа последното место во плеј-офот на Источната конференција. Гостите од Мајами победија со 123:114 по продолжение.

Тајлер Хиро со со 30 поени (5/10 тројки), заедно со Ендрју Вигинс кој постигна 20 и Бам Адебајо со 17 поени и 11 скока, беа најдобрите кај победникот.

Во четвтфиналето на Источната конференција Мајами за противник ќе го има најдобриот тим во лигата Кливленд.

Во Западната Конференција, Мемфис го совлада Далас убедливо со 120-106.

Бадијала останаа 40 поени и 9 скока на Ентони Дејвис, кога Маверикс ја завршија сезоната. Кај Мемфис најефикасен беше Џерен Џексон со 24 поени, а два помалку постигнаа Џа Морант и Дезмонд Бејн.

Мемфис во четвртфиналето ќе игра против тимот на Оклахома кој беше прв на западот.

Плеј-офот стартува вечерва со натпреварот Индијана – Милволки од 19 часот, а од 21.30 часот ќе почне дуелот Денвер – ЛА Клиперс. За полноќ закажан е натпреварот Њујорк – Детроит, а во 2.30 наутро ќе играта ЛА Лејкерс и Минесота.