Фаворитите за шампионскиот трофеј во домашното ракометно првенство, Еурофарм пелистер и Вардар впишаа, нови, очекувани победи.

Во натпреварите од 4.коло на плеј-оф конкуренцијата тие ги совладаа Пролет и Тиквеш, па разлика меѓунив останува еден бод.

Актуелниот шампион и лидер на табелата Еурофарм Пелистер славеше на гостувањето кај Бутел во Скопје со 34-22 . Ракометарите на Вардар пред своите навивачи го совладаа кавадаречки Тиквеш со 32-24 .

Во оваа рунда, вчера победа забележа и Лаклаоид кој беше подобар од Охрид на гостински терен со 36-28.

Тимот на Еурофарм Пелистер сега има 11 бодови, Вардар кој е втор собра 10, а Алкалоид 7. По ова трио, следуваат Охрид и Тиквеш со по 3, а Бутел остана на нула (0).

Во следното коло закажано за 24 април, дербито ќе се игра во Битола каде Еурофарм Пелистер ќе го пречека Вардар.

Следете нé на социјалните мрежи