Рскометарките на Ѓорче Петров ја оправда фаворитската улога и без поголеми проблеми славеше над Вардар со убедливи 32:23.
Гостинската екипа го отвори натпреварот со серија од 4:1, наметнувајќи висок ритам уште од самиот старт. До 15-тата минута вардарки успеаја да се вратат и да ја намалат негативата на 6:8.Иако Ѓорче Петров неколку пати имаше предност од три до четири гола, сепак, по водството од 11:8, домаќинот со 2-0 ја намали разликата на 11:10. На полувреме резултатот беше 13:11 во корист на гостинскиот тим.
Во второто полувреме, Ѓорче Петров успеваше да ја одржува минималната предност. Вардар во 37-та минута успеа да израмни на 16:16, но следеше силен отпор од гостинската екипа, која со серија од 5-0 поведе со 23:17. Иако вардарки се обидуваа да ја намалат разликата, Ѓорче Петров постепено само ја зголемуваше предноста. Во 53-та минута гостинките имаа убедливо водство од девет голови разлика (28:19). До самиот крај, Ѓорче продолжи во ист ритам и заслужено славеше со конечни 32:23.
Најефикасни во редовите на победничката екипа беа Есма Муратовиќ и Емилијана Ризоска, кои постигнаа по седум погодоци. Во составот на Вардар, најрасположена за голови беше Сара Богојеска со шест реализирани обиди.
Потсетување дека вчера и Металург Автооманда и Чаир ја оправдаа фаворитската улога и тоа на гостински терен. Тимот на Металург славеше кај Куманово со 27-20, а во Штип, Чаир го победи Астибо со 47-26.
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 27 бодови, Металург Автокоманда 21, Чаир 19, Вардар 7, Куманово 7, Астибо 0.
Ивона Кимовска





































