Фудбалерите на Париз Сен Жермен се полуфиналисти во Лига на шампони.

Откако во Париз со пресврт славеа над Астон Вила со 3-1, вечерва на „Вила Парк“ во Бирмингем „светците“ загубија со 2-3, но доволно за место меѓу четирите најдобри.

Уште во првиот половина час, ПСЖ имаше два гола предност.

Прво Мароканецот, Ашраф Хакими во 11-тата, а потоа и Португалецот, Нињо Мендеш во 28.минута ја затресоа мрежата на Астон Вила.

Мала надеж на домашните фудбалери и навивачи донесе Јури Тилеманс. По брзата контра во 35-тата минута и нерешителноста на гостинската одбрана Белгиецот намали на 1-2.

Во второто полувреме, два брзи гола на Астон Вила. Во 55.минута Џон МекГин израмни на 2-2, а две минути подоцна (57) Конс денес водство од 3-2.

Иако во продолжението англискиот тим со сите сили се обидуваше да дојде до два гола разлика кои му носеа продолженија, сепак тоа не се случи. ПСЖ со вкупни 5-4 ја доби четвртфиналната пресметка.

Тимот на ПСЖ во полуфиналето ќе има нов голем предизвик во победникот од дуелот Реал Мадрид – Арсенал. Утре во реваншот во Мадрид, актуелниот шампион Реал кој ќе треба да надополни три гола негатива од три гола откако Лондон загуби со 0-3.

Следете нé на социјалните мрежи