Toтенхем со сигурна победа против Нотингам Форест го зачува местото за Лигата на Шампионите.

„Спарси“  yште во третата минута преку Ричарлисон постигна погодок но истиот беше поништен по проверка на ВАР.

Во 19 минута Кејн го донесе првото вистинско водство на натпреварот, неколку минути подоцна искусниот англичанец реализираше пенал при што по втор пат го матираше Кејлор Навас.

Ричарлсисон чиј гол беше поништен, во 62 минута со одлична асистенција го пронајде Сон, кој мајсторски реализираше за 3-0.

Форстер не успеја да ја зачувана својата мрежа на овој натпревар бидејќи гостите преку Фелипе во 81 минута дојдоа до 3-1

Гостинот имаше уште една голема шанса за погодок кога добија пенал во финишот  на натпреварот, но обидот на Ају беше одлично одбранет од Форстер кој го зачува конечниот резултат 3-1 за Тотенхем.

Тотенхем останува на четвртата позиција од најсилната англиска лига, Премиер Лига што значи директен пласман во Лигата на Шампионите.