Фудбалскиот Куп на Македонија доаѓа до самиот финиш. Остануваа да се одиграат уште пет натпревари по кои ќе го дознаеме новиот освојувач на трофејот.
Останаа четири екипи кои ќе се борат за пехарот во националниот Куп.
Денеска ќе се играат првите дуели од полуфиналето, единствената рунда во која има по два натпревари (дома и гости).
Натпревари ќе се играат во Скопје и Тетово.
На националната арена „Тодор Проевски“ екипата на Вардар ќе ја пречека струмичка АП Брера.
Вардарци ќе ја имаат улогата на фаворит. Ова особено по неделниот триумф над истиот противник кого црвено-црните го совладаа на гостински терен со 2-0. Воедно Вардар е во одлична низа од девет натпревари без пораз, за разлика од струмичани кои немаат победа на шест натпревари во низа, а пет ги загубија.
Во Тетово, пред празни трибини, Шкендија ќе го пречека сеуште актуелниот шампион Струга Трим Лум.
Домаќините иако нема да имаат поддршка од навивачите, поради казната, сепак ја имаат улогата на фаворит. Шкендија е лидер на првенствената табела и главен фаворит за наследник на Струга ТЛ. Сепак и стружани имаат свои амбиции. Тие се далеку од одбрана на шампионскиот трофеј, па шанса за излез на европската сцена ќе бараат во одвојувањето на Купот. Воедно тимот на Струга ТЛ се надева на повторување на играта и резултатот од пред нешто повеќе од еден месец кога ја совлада Шкендија со 3-0.
Двата натпревари ќе почнат од 16 часот, а може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.




































