Вистинска голеада на „Алијанц Арена“, со вкупно  осум погодоци одиграа  Баерн Минхен и Аугсубрг.

Гостинот рано поведе со голот на Бериша во третата минута, но „Баварците“ фуриозно вратија давајќи четири гола по ред.

Први на листата беа два дефанзивци и тоа Кансело во 15. минута и Павард кој ги постигна своите први голови оваа сезона во дресота на Баерн во 19 и 35 минута.

Пред крајот на првото полувреме Сане по одбиена топка го постигна последниот гол од првото полувреме за предност  од 4-1.

По грешка на Де Лигт, Аугсубург доби шут од „белата точка“ кој успешно го реализира  Мергим Бериша за втор гол на натореварот

Во 74 минута гол постигна и Алфонсо Дејвис за петарда во голот на Аузбург. Конечниот резултат го постави Кардона во 93-тата минута за  конечни 5-3.

Бајерн Минхен ја задржува познатата прва позиција во Бундес Лигата со еден натпревар повеќе од вечниот ривал Борусија Дортмунд кој е е на втората позиција со 3 бода помалку.