Екипата на Интер дојде до минимална победа од 2:1 против Баерн Минхен и со еден гол предност ќе ги пречека германците во реваншот од четврт-финалето во Лигата на Шампионите.
Првото полувреме одеше во знакот на Баерн. Првата шанса и тоа идеална ја имаше Хари Кејн за Баер, но ударот на Англичанецот од стативата на голот на Интер заврши во гол-аут.
Италијанскиот шампион дојде во водство во 38.минута по брзата контра и голот на Лаутаро Маринез. Со тој резултат (0-1) се отиде на полувреме.

Второто полувреме се одвиваше во поинаков тек. Баерн почна посериозно да напаѓа и плодот стигна кога Томас Милер постигна гол во 85.та минута.
Но, Интер не се предадоа и по 3 минути, со голот на Фратеси стигнаа до триумфот од 2:1.
Реванш натпревар ќе се игра во среда на (16 април) на „Џузепе Меаца“, во Милано.


































