Втората македонска фудбалска лига, односно битката за местата што водат ранг погоре, станува се поинтересен. Четири екипи се во трка за двете места што водат директно во Првата лига, и третото што носи бараж.
Македонија Ѓорче Петров и Башкими со идентични 49 бодови се во мала предност во однос на конкурентите. Трето пласираната Брегалница заостанува два, а Арсими кои е четврти има четири помалку.
Сите овие екипи натпреварите од 23.коло ќе ги играат на домашен терен.
Најинтересно се очекува да биде во Ѓорче Петров каде гостува Скопје кој е петти на табелата. Во Штоп, Брегалница ќе биде предизвикана од Детонит Плачковица, а релативно полесни задачи би требало да имаат Башкими и Арсими.
ВТОРА ЛИГА 23 КОЛО
сабота 15 часот
МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ
БАШКИМИ – НОВАЦИ
БРЕГАЛНИЦА – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
АРСИМИ – ОСОГОВО
ПОБЕДА – ВАРДАР Н.
ОХРИД – КАМЕНИЦА САСА
БЕЛАСИЦА – ВАРДАРСКИ
БОРЕЦ – КОЖУФ
ТАБЕЛА: Македонија Ѓорче Петров 49, Башкими 49, Брегалница 47, Арсими 45 …




































