Кои две екипи ќе бидат освојувачи на првите трофеи сезонава во македонската одбојка ќе дознаеме денеска. Имено во Радовиш ќе се играат финалните натпревари, од Купот на Македонија во двете конкуренции.

Кај дамите ќе имаме нов освојувач, откако ланскиот Струмица рано во елиминациската фаза го заврши натпреварувањето. За Куп пехарот ќе се борат одбојкарките на Јанта волеј и Наковски волеј. Ова откако двата тима славеа убедливи победи во полуфиналните дуели со Работнички и Фит Фан волеј.

Женското финале во салата „25 Мај“ ќе почне од 16 часот.

Три часа подоцна (19) планиран е стартот на машкото финале.

Тоа практично ќе биде реприза на минатогодишното одиграно во Штип во кое до својот прв клупски трофеј стигнаа одбојкарите на УГД Штип. Тие ќе го бранат Куп пехарот, повторно против актуелниот шампион и најтрофеен македонски клуб Струмица. Тоа ќе биде и дуел на двете екипи кои сезонава покажаа најмногу, а воедно се претенденти и за шампионскиот трофеј.

Двата натпревари може да ги гледате во ТВ преносите на МРТ3 (овде)