Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, денеска беше извршена ждрепката за полуфиналето во Купот.

Актуелниот шампион Струга Трим Лум за противник ја дови водечката екипа на првенствената табелата, тетовска Шкендија.

Екипата на Вардар пак ќе игра против струмичка АП Брера.

Првите полуфинални средби се закажани за следната среда (9 април), а реваншите се на 23 април.

Шкендија ќе ја чекаат одлуката на дисциплинската комисија на ФФМ, по која ќе се знае дали теренот во Тетово ќе биде суспендиран. Ова по скандалозниот настан во понеделникот, по кој ФФМ најави строги санкции за тетовци.