Екипите на Арсенал и Нотингем Форест, забележаа победи на ветераните натпревар во Премиер лига.
Во дуелите од 30.коло пред своите симпатизери тие ги совладаа Фулам и Манчестер Сити.
На дуелот во Лондон, фудбалерите на Арсенал славеа над Фулам со 2-1. Стрелец првиот гол беше Шпанецот, Микел Мерино во 37-мата минута, а Бакајоко Сака во 72-рата погоди за 2-0. Во судиското дополнение (90+4) Родриго Муњоз само го ублажи поразот.
Нотингем Форест пак со голот на Швеѓанецот, Еланга уште во петата минута го победи Манчестер Јунајтед со 1-0. Јалови беа сите обиди на Јунајтед да стигне до израмнување, па Нитингем ги освои трите бода.
Двата тима остануваат на второто и третото место, а сега Арсенал има 61, а Нотингем Форест 57 бодови. Пред нив на првата позиција е Ливерпул со 70, а четврти е Челзи со 49 бодови.