Ракометната репрезентација на Македонија вчера претрпе пораз во квалификацискиот дуел со Португалија во Скопје со 23:29.
Но, кон средината на вториот дел Македонија поведе со 20:19 (45.минута). Еден од најзаслужните за тоа водство беше голманот Мартин Томовски, кој во игра влезе во 35.минута и успешно го замени Никола Митревски.
Томовски во тој период имаше 5 одбрани и сите во период од десет минути и сите беа удари од 6 метри или зицери на противникот. За жал тоа беше недоволно за подобар резултат на нашата репрезентација.
„Мора да ја поправиме одбраната, пред се да веруваме во тоа што го работиме.
Португалија во овој момент е квалитетна репрезентација, која не се добива со добра игра од 15 минути во полувреме.
Верувам дека ќе биде подобро и подобро на следните натпревари“,
изјави Томовски.
Следниот натпревар Македонија го игра во Матосињос во недела исто така против Португалија.
Ова се одбраните на Томовски во првиот меч со Португалија.