Второлигашката кошаркарска конкуренција станува се поинтересна, бидејќи до крајот остануваат само уште пет кола од лигашкиот дел кои треба да решат кои осум екипи ќе разигруваат во плејофот.

Три дилеми се решени. Вардар сигурно ќе игра во плејофот, но дали тоа ќе биде од првата позиција останува да се види.
Јасно е дека Струга која одамна е отпишана, а од вчера и екипата на Баскет Кам која на домашен терен загуби од Шкупи, сигурно нема да настапат во разигрувањето.

18-тата рунда го носи дербито за втората позиција на табелата, што ќе се игра во салата „Независна Македонија“ во скопската општина Кисела Вода каде тимот на Ангели ги пречекуваат штипските Соколи. Натпреварот можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

ВТОРА ЛИГА – 18.КОЛО
САБОТА
АНГЕЛИ – СОКОЛИ (14.00 часот)
ВАРДАР – ЦРН ДРИМ (17.00)
ОХРИД – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. (18.00)
НЕДЕЛА
ВОДНО САНС – МКК КУМАНОВО (15.00)
БОРЕЦ БАСКЕТ – РАБОТНИЧКИ (19.30)
ВЧЕРА
БАСКЕТ КАМ – ШКУПИ 67-81

ТАБЕЛА
1 ВАРДАР 31 бод
2 АНГЕЛИ 29
3 СОКОЛИ 29
4 РАБОТНИЧКИ 29
5 ГКК ОХРИД 27
6 ВОДНО САНС 26
7 МКК КУМАНОВО 26
8 ШКУПИ 26
9 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 24
10 БОРЕЦ БАСКЕТ 24
11 БАСКЕТ КАМ 21
12 ЦРН ДРИМ 17